18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБорнмут испиша историја, прв пат ќе игра во Премиерлигата

Борнмут испиша историја, прв пат ќе игра во Премиерлигата

boremont

Фудбалерите на Борнмут славеа над Болтон со 3-0 во претпоследното коло во англискиот Чемпионшип и практично обезбедија пласман во Премиерлигата.

Борнмут има 87 бодови, три повеќе од Мидлзброу и за 19 голови подобра гол разлика, што значи дека само чудо може да го спречи овој тим прв пат во својата 125-годишна историја да заигра во Премиерлигата.

Победата против Болтон на Борнмут му ја обезбедија Марк Пјуг (39’), Мет Ричи (44’) и Калум Вилсон (78’).

Покрај Борнмут пласман во Премиерлигата избори и Вотфорд, но се уште не е познато кој ќе биде шампион во Чемпионшип дивизијата – Вотфорд има 88 бодови и во последното коло ќе го пречека Шефилд Венздеј, додека Борнмут кој има 87 бодови во последната рунда ќе гостува кај Барнсли.

Инаку се уште не се познати и тимовите кои ќе играат во плејофот за третото место кое носи пласман во Премиерлигата. Два тима сигурно ќе играат во плејофот тоа се Мидлзброу и Норич, додека за преостантите две места се борат четири тима: Ипсвич, Дерби Каунти, Брентфорд и Вулверхемптон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП