18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБруклин израмни против Атланта, Милвоки го врати брејкот

Бруклин израмни против Атланта, Милвоки го врати брејкот

thaddeus-young-paul-millsap-nba-playoffs-atlanta-hawks-brooklyn-nets-850x560

Бруклин славеше над Атланата, по продолжението, со 120:115 и го израмни резултатот во плејоф серијата на 2-2. На останатите две средби кои се одиграа во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот Милвоки славеше во Чикаго (94:88) и го намали водството на Булси на 2-3, додека Портланд во четвртиот меч славеше над Мемфис (99:92) и го намали резултатот во серијата на 3-1.

Бруклин кој со скор 38-44 во последниот меч избори пласман во плејофот нема намера да се предаде против тимот кој го имаше најдобриот резултат во регуларниот дел од сезоната во Источната конференција (60-22).

Дерон Вилијамс постигна тројка на истекот на регуларното време за 104:104 и го однесе натпреварот во дополнителното време. Таму дилемите околу победникот ги реши Бојан Богдановиќ кој на 85 секунди до крајот постигна тројка.

Поранешниот „Ол Стар“ и носител на златен олимписки медал, Дерон Вилијамс, го одигра можеби најдобриот меч во сезоната и со 35 поени, 5 скока и 7 асистенции го предводеше тимот до победата.

Покрај Вилијамс кај Бруклин уште се истакнаа Брук Лопез (26 поени, 10 скока), Џо Џонсон (17 поени), Бојан Богдановиќ (15 поени).

Перо антиќ за Атланта одигра нецели 17 минути и имаше учинок од шест поени, четири скока и две загубени топки. Инаку целата стартна петорка на Атланта постигна двоцифрен број на кошеви, Џеф Тиг и Демар Керол со по 20 поени беа најефикасни кај ’јастребите’, покрај тоа Тиг имаше 11 асистенции, а Керол девет скокови.

Со двоен ефект мечот го завршија Пол Милсап (16 поени, 12 скокови) и Кајл Корвер (16 поени, 11 скокови), додека Ал Хорфорд уфрли 17 поени.

Мајк Картер-Вилијамс имаше учинок од 22 поени, 8 скока и 9 асистенции во триумфот на Милвоки во чикаго (94:88), а Крис Мидлтон уфрли 21 кош. Чикаго го предводеше Пау Гасол со 20 поени и 15 скокови.

Портланд славеше над Мемфис со 99:92 благодарение на Демијан Лилард кој постигна 32 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП