
Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ, според зборовите на менаџерот на тимот, Брендан Роџерс, ја завршил сезоната.


Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ, според зборовите на менаџерот на тимот, Брендан Роџерс, ја завршил сезоната.
Стариџ цела оваа сезона има проблеми со повредите, а последен пат во тимот се појави на 8-ми април.
„Ќе видиме дали ќе се врати во финишот од сезоната или во претсезоната. Ова е тежок период за Даниел. Ова е една од оние несреќни сезони“, рекол Роџерс.
Напаѓачот оваа сезона одиграл само 17 натпревари од кои 12 во Премиерлигата и успеал да постигне четири гола. Минатата сезона која Ливерпул ја заврши на второто место Стариџ на 33 натпревари постигна 24 гола.