22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн официјално го побара Клоп како замена на Гвардиола

Баерн официјално го побара Клоп како замена на Гвардиола

klop gvardi

Баерн Минхен официјално изрази желба еден ден Јирген Клоп да го смени Пеп Гвардиола на чело на тимот.

„Ја разгледуваме можноста за тренер на тимот по Пеп. Меѓу нас во раководството често сме коментирале за тоа и сметаме дека Јирген ќе одговара идеално на Баерн. Дефинитивно имаме интерес кон него“, изјави претседателот на Бордот на директори на клубот Карл-Хајнц Румениге за „Sky“.

По последниот натпревар во сезоната, Клоп ќе ја напушти Борусија Дортмунд, каде помина одлични седум години. Засега стратегот тврди дека нема никакви понуди. Договорот на Гвардиола со „баварците“ пак е за уште една сезона и раководството на клубот сака да го продолжи. Досега Шпанецот одбиваше да седне на преговарачка маса, истакнувајќи го фактот дека не сака да размислува за тоа во текот на сезоната и претпочита да дојде летото, кога ќе одлучи.

Дека од Баерн му се додворуваат Клоп е видно и од желбата на минхенци да му врачат букет со цвеќе пред утрешното полуфинале помеѓу двата тима во Купот на Германија. Според нив тоа било израз на почит за постигнатото на чело на Борусија. Клоп сепак не сака слични подароци.

Румениге ги потврди и вчерашните зборови на поранешниот член на управата на Баерн, Хелмут Маркворт дека Јирген Клоп бил другата опција за тренер на тимот по заминувањето на Јуп Хенкес пред две години. Тогаш сепак беше префериран Гвардиола. Интересно е дека денес предметниот Маркворт прецизира дека погрешил. Тој имал предвид за тоа во 2008-ма година, кога Клоп бил опција за местото на Отмар Хитцфелд, но „баварци“ се насочија кон Јирген Клинсман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП