13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНадал нема да биде привилегиран на Ролан Гарос

Надал нема да биде привилегиран на Ролан Гарос

nadale23

Рафаел Надал, деветкратниот победник на Ролан Гарос, нема да добие никакви привелегии на парискиот Грен слем. Одредени шпакулации говореа дека Надал би можел да биде повисоко рангиран на листата на носители на Роланг Гарос, отколку што е тоа случај со АТП листата, но директорот на турнирот потврди дека Шпанецот нема да добие такви привилегии.

Надал во моментов се наоѓа на четвртото место на АТП листата, но би можел да назадува на оваа листа доколку не ги одбрани поените кои лани ги освои на Мастерс турнирите во Мадрид и во Рим.

Надал минатата сезона победи во Мадрид, додека во Рим играше во финалето.

Доколку Надал назадува на АТП листата, можно е жрепката да го вкрсти со Новак Ѓоковиќ уште во четврфиналето на Ролан Гарос.

Грен слем турнирите можат да направат измени кога ги одредуваат носителите, односно некој да добие повисока позиција, бидејќи остварувал врвни резултати на тој турнир, но во практиката тоа единствено го прават организаторите на турнирот во Вимблдон.

„Размислувавме на таа тема, не можевме да го избегнеме тоа, бидејќи се работи за шампион и за човек кој во изминатите десет години е икона на овој турнир, на кој има забележано само еден пораз. Сепак, оваа година околностите се малку поинакви – во 2013 година тој на турнирот играше повреден, а сега станува збор за нивото на неговата игра, која стагнира. Не е повреден, така што нема да има поместувања кај носителите“, соопшти директорот на Ролан Гарос, Жил Исерн.

Вториот Грен слем турнир во сезоната, Отвореното првенство на Франција, ќе се игра од 24-ти мај до 7-ми јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП