18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАзар играч на годината во Премиер лигата

Азар играч на годината во Премиер лигата

azar igrac

Белгиецот Еден Азар, во изборот на Здружението на професионалните фудбалери е најдобриот играч во премиер лигата во сезоната 2014/2015.

Азар до престижната награда дојде пред голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа и напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн.

Белгиецот е најдобриот играч на Челзи, тој сезонава има постигнато 18 голови. Азар е на добар пат да ја освои првата шампионската титула со „сините“, бидејќи на Челзи му се потребни шест бода на последните пет средби за да стане шампион на Англија.

„Оваа сезона игравме добро и јас и моите соиграчи. Убаво е чувството кога знаеш дека колегите те избрале за најдобар. Ова е мојата најдобра година во кариерата. Играв добро на важните натпревари и постигнав неколку важни голови. Поради тоа сум избран за играч на сезоната“, изјави Азар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП