24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛенард ги потопи Клиперси, Далас без решение за Харден

Ленард ги потопи Клиперси, Далас без решение за Харден

hi-res-a7224b95f5e30ddf02071faa823b5afb_crop_north

Шампионот Сан Антонио води со 2-1 во четвртфиналната серија против ЛА Клиперс, додека Хјустон и Вашингтон уште една победа ги дели од пласман во конференциските полуфиналиња.

Спарси уште еднаш покажаа зошто се актуелни шампиони откако во третиот меч од серијата ги декласираа Клиперси со 100:73. Најдобриот дефанзивец во лигата Каваи Ленард со плејоф рекорд (32 поени) го предводеше тимот до победата.

Со исклучок на Тим Данкан ниту еден играч на Сан Антонио не одигра повеќе од 30 минути што може да биде клучна предност за шампионот во пресрет на останатите натпревари.

Клиперси во третата четвртина постигнаа скормни 11 поени (најмалку во сезоната), имаа шут од поле од само 34 отсто, а исто така го забележаа највисокиот пораз во плеј офот, додека 73-те поени се најмалку во историјата на франшизата кога станува збор за плејоф натпреварите.

Далас се наоѓа на чекор до елиминација, губи со 0-3 од Хјустон, откако третиот меч во серијата го загуби со 128:130. Ова е прв пат по 1994 година еден тим да постигне 128 поени, а да не биле играни продолженија и да го загуби натпреварот.

Клучните поени на мечот ги постигна Џејмс Харден на 12 секунди до крајот на натпреварот, а во наредниот напад Монта Елис не успеа да му обезбеди продолженија на својот тим.

Харден постигна 42 поени на кои придодаде 5 скока и 9 асистенции, додека под обрачите доминираше Двајт Хауард со 13 поени и дури 26 скокови.

Далас го предводеа Дирк Новицки и Монта Елис кои постигнаа по 34 поени.

По двата брејка во Торонто екипата на Вашингтон победи и во првиот меч како домаќин (106:99) и стекна предност од 3-0 во серијата.

Ветеранот Пол Пирс постигна 18 поени од кои две тројки во финишот кои го решија победникот. Вашингтон го предводеа и Џон Вол 19 поени, 15 асистенции односно Марчин Гортат 24 поени, 13 скокови.

Кај Торонто се истакна Демар Дерозан со 32 поени од кои 20 во последната четвртина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП