19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПМФЛ: Шкендија славеше над Вардар

ПМФЛ: Шкендија славеше над Вардар

mk liga

Шкендија славеше над Вардар со 3:2 во одложениот натпревар од 26. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Шкендија со овој триумф се врати на третото место на табелата, додека Вардар во пресрет на дербито со Работнички има три бода предност во однос на градскиот ривал.

Победата на Шкендија добива уште на значење поради тоа што цели 75 минути играше со играч помалку. Стефан Ашковски во 15-та минута доби црвен картон.

Жуниор погоди за водство на Шкендија во 11-та минута, кое во 38-ма ја удвои Вручина од пенал.

Вардар успеа да се врати во мечот преку Ибричиќ и Глигоров, а трите бода на Шкендија ѝ ги донесе Јуфо на осум минути до истекот на натпреварот.

Резултати 26.коло:

Шкендија-Вардар 3:2

Работнички-Металург 2:2

Ренова-Турново 1:1

Тетекс-Брегалница 0:0

Силекс-Пелистер 1:0

Табела: 1. Вардар 58, 2. Работнички 55, 3. Шкендија 44, 4. Ренова 43, 5. Силекс 34, 6. Металург 32, 7. Турново 30, 8. Брегалница 27, 9. Пелистер 22, 10. Тетекс 10.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП