7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБолт: Геј треба да биде избркан од атлетиката

Болт: Геј треба да биде избркан од атлетиката

bolt gay

Шесткратниот олимписки шампион и светски рекордер на 100 и 200 метри, Усеин Болт, смета дека Американецот Тајсон Геј треба да биде исфрлен од атлетиката поради упоребата на допинг.

Геј во 2013-та година беше позитивен на допинг, тој користел анаболички стероиди. Бидејќи соработувал во истргата тој од Американската антидопинг агенција доби едногодишна суспензија.

Американецот ја одлежа суспензијата веќе се врати на атлетиските патеки и се очекува дека ќе настапи на Светското првенство во Пекинг.

„Бев многу вознемирен кога дознав дека доби само едногодишна суспензија, и тоа бидејќи соработувал со челниците и разговарал со нив како се допингувал и кој му помагал. Тоа испраќа погрешна порака – доколку те фатат само кажи се што знаеш и тие ќе ти ја намалат казната. Тоа е најглупавото нешто за кое сум чул досега“, им изјавил Болт на британските медиуми.

„Пораката за таквите луѓе треба да биде – доколку лажеш ќе бидеш елиминиран од спортот“, дополнил Болт.

Спринтерот од Јамајка на новинарите, исто така, им рекол дека воопшто не го радува тоа што повторно ќе се натпреварува против Геј.

„Тоа навистина не ме радува, не дека сум загрижен дека може да ме победи, туку поради тоа што во изминатите години имав голема потчит кон него. Тој беше вистински конкурент и секогаш ме тераше да го дадам најдоброто од себе. А сега дознав дека тој се допингувал и се разочарав. Чувствувам дека ме изневери, дека го изневери спортот“, изјавил најбрзиот човек на светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП