Капитенот на Реал Мадрид, Икер Касиљас, изјавил дека нема да го напушти клубот дури и доколку остане без своето место во стартната постава. Според шпекулациите на медиумите Реал се обидува да го донесе голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа.
„Обврската која е потпишана мора да се испочитува до крај. Ќе мора да го заслужам своето место. Ќе се борам за својата позиција“, рекол Касиљас.
Капитенот на тимот дополнил дека максимално ќе ги поддржува своите конкуренти.
„Годините кои ги имаме ми овозможуваат на работите да гледам од поинаков агол. Зошто да не продолжем со Реал дури и да не бидам прв голман? Имам обврска да им помогнам на помладите“.
Касиљас целата своја кариера ја минува во Реал, за првиот тим бранел на 719 натпревари, за голот на Шпанија го бранел на 161 натпревар.
Одредени медиуми шпекулираат дека доколку Де Хеа пристигна во Реал, тогаш Монако ќе понуди сума од осум милиони евра за да го донесе голманот во своите редови.