4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Кари броеше до 40, фаворитите водат со 3-0

НБА: Кари броеше до 40, фаворитите водат со 3-0

usa-today-8535206.0

Голден Стејт и Чикаго во драматични натпревари, во кои се играа и продолженија славеа во Њу Орлеанс односно Милвоки и поведоа со 3-0 во четвртфиналните серии во плејотфот во НБА лигата. Водство од 3-0 има и екипата на Кливленд која во Бостон го доби третиот меч од серијата.

Тимот кој го оствари најдобриот резултат во лигата во регуларниот дел од сезоната, Голден Стејт, успешно чекори кон следната плеј оф рунда, откако поведе со 3-0 против Њу Орлеанс.

Вориорс во Њу Орлеанс стигнаа по продолжението (123:119), а до неа ги предводеше Стефон Кари кој постигна 40 поени. За пласман во наредната рунда на Голден Стејт му е потребна уште една победа.

За разлика од Голден Стејт, Чикаго во Милвоки мораше да одигра две продолженија за да забележи победа (113:106), до која го предводеше Дерик Роуз со 34 поени.

Бостон не успеа да го изненади Кливленд (95:103). Најефикасен кај Кливленд кој води со 3-0 во серијата беше Леброн Џејмс со 31 поен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП