8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛЕ: Севилја, Фиорентина, Дњипро и Наполи во полуфиналето

ЛЕ: Севилја, Фиорентина, Дњипро и Наполи во полуфиналето

27EA2A0E00000578-0-image-a-20_1429822425783

Фудбалерите на Фиорентина, Наполи, Севилја и Дњипро изборија пласаман во полуфиналето на Лига Европа.

Фиорентина во реваншот славеше над Динамо Киев со 2:0 со головите на Гомез и Варгас. Првиот меч во Киев заврши без победник 1:1.

Двомечот помеѓу Дњипро и Бриж го реши еден гол, него го постигна Скоков во 82.минута. Дњипро го оставри најголемиот успех во клупската историја.

Севилја го преживеа Зенит и остат во трката за одбрана на титулата. По победата од 2:1 во првиот меч, Севилја одлично го почна и реваншот и со голот на Бака од пенал стигна до предност. Пресврт направија Рондон и Хулк кој постигна гол оф 40 метри, а конечниот резултт 2:2 го постави Гамеиро.

Наполи на првиот меч во Волфсбург славеше со 4:1 и во реваншот одигра мирен меч иако водеше со 2:0 (Каљехон и Мертенс), но Волфсбург стигна до израмнување преку Клосе и Перишиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП