17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвролига: Принтезис погоди за Ф4, Реал го мина Ефес

Евролига: Принтезис погоди за Ф4, Реал го мина Ефес

Image (49)

Кошаркарите на Олимпијакос и Реал Мадрид ја комплетираа листата на тимови кои ќе играат на завршниот турнир во Евролигата. Олимпијакос ја доби серијата против Барселона со 3-1, а со ист резултат Реал го елиминираше Анадолу Ефес.

Олимпијакос и Барселона одиграа уште еден неверојатен меч, а победникот го реши Јоргос Принтезис кој погоди тројка со звукот на сирената и го постави конечниот резултат 71:68.

Барса во  последната минута влезе со предност од четири поени, која Олимпијкос ја анулираше со серија 5-0 за само 20 секунди. Победата на Барса можеше да и ја донесе и Наваро но тој на пет секунди до крајот погоди само едно од двете слободни фрлања и само го израмни резултатот, а потоа Принтезис ја постигна победничката тројка.

Олимпијакос кој тет пат во последните четири години ќе игра на завршниот турнир, во полуфиналето ќе игра против ЦСКА Москва.

Анадолу Ефес не успеа да избори ‘мајсторка’ против мадридски Реал и серијата ја загуби со 1-3. Реал во четвртиот меч славеше со 76:63.

Реал во полуфиналето на завршниот турнир ќе игра против Фенербахче, чии тренер е Жељко Обрадовиќ кој во далечната 1995 година го предводеше Реал до последната титула европски првак.

Завршниот турнир во Евролигата ќе се игра од 15. до 17.мај во Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП