15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтланта доби нови сопственици

Атланта доби нови сопственици

640x0

Поранешниот НБА ‘Ол Стар’ играч, Грент Хил е дел од групата бизнисмени кои за сума од 850 милиони долари ја купија екипата на Атланта Хокс. Транскацијата која вклучува и користење на ‘Филипс’ арена ќе биде реализирана кога тоа ќе го дозволат сопствениците на останатите тимови.

Според медиумите новите сопственици ќе го задржат тренерот Мајк Баденхолзер, кој во средата беше прогласен за тренер на сезоната и директорот Стив Кунин.

На чело на конзорциумот кој ја купи Атланта е милијардерот Тони Реслер, кој претходно се обиде да ги купи ЛА Клиперси за сума од 1,2 милијарди долари, но Стив Балмер понуди повеќе пари за овој тим, односно сума од две милијарди долари.

Помеѓу повеќемината малцински сопственици е и Грент Хил кој 18 гоини играше во НБА лигата, во сезоната 1994/1995 година беше прогласен за дебитант на годината. Хил кариерата ја заврши во 2013 година.

Инаку експертите по економија истакнуваат дека 850 милиони долари за Атланта се многу пари бидејќи тие не преставуваат атрактивен тим со френетични навивачи. Причината за високата цена преставува новиот ТВ договор кој лигата го потпиша минатото лето, а кој е вреден 24 милијарди долари за девет години.

Атланта мораше да го смени сопственикот бидејќи во 2012 година сега веќе екс сопственикот Брус Левенсон беше инволвиран во расистички скандал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП