6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКристијано Роналдо во ЛА Галакси

Кристијано Роналдо во ЛА Галакси

Cristiano-Ronaldo

Еден од најдобрите фудбалери на светот Португалецот Кристијано Роналдо кариерата ќе ја продолжи во Лос Анџелес Галакси, кога ќе му заврши договорот со Реал Мадрид, објави во четвртокот американскиот спортски весник Sports Illustrated.

Роналдо е врзан со мадридските „кралеви“ со договор кој истекува во 2018 година, а потоа би се преселил во МLS (Major League Soccer). Според Sports Illustrated, славниот CR7 го обожува Лос Анџелес и би сакал да живее во овој град. Неговиот агент во јануари годинава, исто така, навести дека Кристијано по истекот на договорот со Реал, во летото 2018-та, ми можел да се пресели во MLS

Португалскиот голгетер неколкупати повтори дека ќе остане во Реал до крајот на актуелниот договор, како и оти би сакал потоа да игра во Бразил или во САД.

Спортскиот магазин пред еден месец повикувајќи се на Грент Вол, нагаѓаше дека Роналдо би можел да се пресели во ЛА Галакси, Њу Јорк или во Мајами, меѓутоа, се чини, дека изборот паднал на Лос Анџелес.

Роналдо стана член на Реал во 2009 година кога за него беа платени тогаш рекордните 94 милиони евра за престанок на неговите обврски кон Манчестер Јунајтед. Во дресот на „Лос бланкос“, одигра досега 292 натпревари во кои постигна 302 голови. Со мадриѓаните ги освои Лигата на шампионите, Шпанското првенство, два шпански Купа на кралот, шпанскиот Суперкуп, европскиот Суперкуп и Светското клупско првенство. Трипати беше прогласуван за најдобар фудбалер на светот во претходната година.

Од идното лето на Ла Галакси ќе му се приклучи легендата на англиски Ливерпул, капитенот Стивен Џерард, а во минатото дресот на овој клуб го носеа не помалку славните Дејвид Бекам, Роби Кин и Ландон Донован.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП