2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХендерсон го продолжи договорот со Ливерпул

Хендерсон го продолжи договорот со Ливерпул

jordan henderson3

Фудбалскиот клуб Ливерпул потврди дека Џордан Хендерсон потпишал нов договор без да објави повеќе детали. Хендерсон треба да ја наследи капитенската лента од Стивен Џерард кој по завршувањето на сезоната ќе се пресели во САД.

Иако Ливерпул не објави детали од договорот, англиските медиуми шпекулираат дека Хендерсон неделно ќе заработува 100.000 фунти.

„Пресереќен сум што конечно постигнавме договор. Разговаравме подолг период, а за мене е одлична вест што мојата иднина ќе можам да му ја посветам на овој клуб“, рекол Хендерсон.

24-годишниот играч од редот за врска професионалната кариера ја има започнато во Сандерленд, една полусезона бил играч на Ковентри, а во Ливерпул е од 2011-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП