17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТримесечна суспензија за Спахиќ (видео)

Тримесечна суспензија за Спахиќ (видео)

FBL-GER-BUNDESLIGA-LEVERKUSEN-FREIBURG

Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Германија му изрече тримесечна забрана за настап на дефанзивецот Емир Спахиќ. Тој на 8-ми април по натпреварот Баер Леверкузен-Баерн Минхен влезе во физичка пресметка со обезбедувањето на стадионот.

Покрај забраната за играње Спахиќ е казнет и парично со 20.000 евра. Дефанзивецот нема да ја обжали оваа одлука на Дисциплинската комисија.

Инаку челниците на Баер Леверкузен само неколку дена по инцидентот решија да го раскинат договорот со Спахиќ.

Каде ќе ја продолжи кариерата 34-годишниот дефанзивец ќе биде познато по завршувањето на сезоната, а интерес за неговите услуги покажуваат Галатасарај, Бешикташ и Динамо Загреб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП