2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФлојд Мејведер купил над 100 автомобили од едно исто место (фото+видео)

Флојд Мејведер купил над 100 автомобили од едно исто место (фото+видео)

mej cars

Флојд Мејведер целосно го оправдува еден од прекарите – „Money“, кога станува збор за неговата колекција од автомобили.

Тоа можат да го потврдат од автомобилскиот дилер каде Мејведер си купил над 100 автомобили за 18 години, вклучувајќи 16 автомобили „Rolls-Royce“.

mej cars3

„Тој си купува автомобили пред натпревар. Си купува автомобили по натпревар. Купува автомобили по празниците“, вели Џош Тоубин од „Towbin Motorcars“ во Лас Вегас.

Тој е еден од највисоко платените спортисти во светот. Само од натпреварот против Мани Пакјао, кој ќе се одржи на 2-ри мај, тој се очекува да заработи 100 милиони долари.

Од „Towbin Motorcars“ не сакаат да ја испуштаат продажбата, кога станува збор за Мејведер. Понекогаш тој ги повикувал и сакал да пазарува во 2 часот наутро. Од автомобилскиот дилер со задоволство го опслужуваат.

„Никогаш на знаеме кога Мејведер ќе побара да купи нов автомобил“, вели Џесика Тоубин-Мансур.

mej cars4

Напорите сепак си исплатуваат. Цената на еден „Rolls-Royce“ може да надмине 400.000 долари. Едно возило на „Bugatti“ се продава за над 2 милиони долари, а Мејведер има три такви.

Шампионот плаќа во готово, што понекогаш носи цели торби полни со пари. Тоа се толку многу пари, па на компанијата и беше потребно за да си купи нов апарат за броење само заради него.

Тој исто така е доста пребирлив.

„Овие автомобили се продолжение на неговата персона. Тие се најдобри меѓу најдобрите, исто како и тој“, вели Тоубин-Мансур.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП