4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтланта и Мемфис на 2-0, брејк на Сан Антонио

Атланта и Мемфис на 2-0, брејк на Сан Антонио

9d29cefaef22840af24797abf3c924e8_crop_north

Кошаркарите на Атланата и Мемфис поведоа со 2-0 во четвртфиналните серии против Бруклин односно Портланд, додека Сан Антонио направи брејк и ја израмни серијата со ЛА Клиперс на 1-1.

Најдобриот тим на Истокот, во регуларниот дел од сезоната, Атланта со 96:91 ја доби втората плејоф средба против Бруклин. Македонскиот интернационалец Перо Антиќ на теренот мина 13 минути и како и во првиот меч со овие ривали постигна осум поени.

Ал Хорфорд со 14 поени и 13 скока ја предводеше Атланта, во чии редови најефикасни беа Пол Милсап со 19 и Џеф Тиг со 17 поени.

Мемфис забележа уште една победа над Портланд за предност од 2-0 во серијата, Гризлите вториот меч го добија со 97:82.

Кортни Ли и Мајк Конли со по 18 кошеви беа најефикасни во редовите на Мемфис, додека Ламаркус Олдриџ со 24 поени и 14 скокови го предводеше Портланд.

Актуелниот првак Сан Антонио успеа да направи брејк во Лос Анџелес и да ја израмни серијата со Клиперси на 1-1. Вториот меч Спарси го добија по продолжението со 111:107. Натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат 94:94.

Тим Данкан одигра еден од своите најдобри натпревари оваа сезона, тој потсети на своите најдобри денови и со 18 поени и 11 скокови го предводеше шампионот, а одлично му асистираше Каваи Ленард кој постигна 23 поени.

Кај Клиперси Деандре Џордан имаше учинок од 20 поени и 15 скокови, Блејк Грифин мечот го заврши со 29 поени и 12 скокови, а Крис Пол постигна 21 поен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП