4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвролига: ЦСКА ќе игра на завршниот турнир

Евролига: ЦСКА ќе игра на завршниот турнир

cska-pobeda.ne

Кошаркарите на ЦСКА Москва се пласираа на завршниот турнир во Евролигата откако четвртфиналната серија против Панатинаикос ја добија со 3-1. Рускиот првак четвртиот меч одигран во Атина го доби со убедливи 74:55.

ЦСКА до победата ја предводеа Нандо Де Коло со 18 поени и Андреј Кириленко со 13 поени и 10 скока.

На завршниот турнир ЦСКА во полуфиналето ќе игра против победникот од четвртфиналната серија помеѓу Олимпијакос и Барселона, грчкиот тим води со 2-1. Во второто полуфинале Фенербахче го чека победникот од серијата помеѓу Анадолу Ефес и Реал Мадрид (1-2).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП