13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШкендија и Вардар ќе играат во петок

Шкендија и Вардар ќе играат во петок

Image (43)

Дерби мечот од 26.коло во фудбалското првенство на Македонија помеѓу Шкендија и Вардар ќе се одигра во петок, соопшти Фудбалската федерација на Македонија на својата интернет страница.

Првично натпреварот требаше да се одигра денес, но ФФМ на препорака на Министерството за внатрешни работи, а поради инцидентот на караулата во Гошинце, го одложи натпреварот.

ФФМ мечот кој ќе започне во 14 часот, а ќе се одигра на стадионот „Башкими“ во Куманово, го прогласи за натпревар од висок ризик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП