10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАјакс си купува стадион

Ајакс си купува стадион

a arena

Ајакс планира да го откупи стадионот „Амстердам Арена“, соопштуваат медиумите во Холандија. Објектот кој беше пуштен во употреба во 1996-та година се уште е еден од најмодерните во Европа, а и во светот.

Стадионот е самостојно акционерско друштво, а досега само 13% од него беа во сопственост на фудбалскиот клуб.

Голем процент од 53-илјадниот стадион држи Општина Амстердам, учество има дури и електронскиот гигант „Филипс“, сопственик на еден од најголемите противници на Ајакс, ПСВ Ајндховен.

Според плановите на 33-кратниот шампион на Холандија, клубот треба да купи уште 38% од стадионот, па на тој начин се здобијат со вкупно 51% од него и стане мнозински акционер.

Ајакс може да си го дозволи овој потег, бидејќи постојат над 100 милиони евра во банката како „слободен капитал“. Шефовите на клубот сепак мислат да го инвестираат мудро – во недвижен имот, а не за купување на играчи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП