4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКапело ќе ја задржи работата доколку Русијa се пласира на ЕП

Капело ќе ја задржи работата доколку Русијa се пласира на ЕП

Fabio_Capello_28

Министерот за спорт на Русија, Виталиј Мутко, изјави дека Фабио Капело ќе остане селектор на фудбалската репрезентација само доколку избори пласман на Европското првенство.

На половина од својот квалификациски пат Русија се наоѓа на третото место на табелата во Г групата со бод помалку од второпласираната Шведска и пет од лидерот Австрија.

Инаку руската спортска јавност не му е наклонета на Капело уште од Мундијалот во Бразил, бидејќи не успеа да ја мине првата фаза.

„Капело сега има договор и негова задача е да се пласира на ЕП. Не сме во најдобра позиција во групата и доколку сака да работи ќе мора да го поправи нашиот пласман на табелата“, изјави Мутко за AFP.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП