20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈакимовски се договорил со Џенова

Јакимовски се договорил со Џенова

jakimovski 22

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Никола Јакимовски (24) од наредната сезона ќе го носи дресот на калчолигашот Џенова.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Јакимовски, кој е играч на Варезе, веќе ги договорил условите за преселба во Џенова. Левиот бек во Варезе се пресели во јануари годинава од редовите на српскиот прволигаш Јагодина.

Менаџерот на Јакимовски, Силвано Мартина, изјавил дека Џенова е идеален тим во кој левиот бек ќе може да напредува во кариерата.

Инаку Јакимовски од наредната сезона во Џенова ќе игра заедно со Горан Пандев, кој ќе пристигне од Галатасарај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП