Првиот човек на Формула 1, Берни Еклстон, најави воведување на нови правила од 2017-та година. На состанокот кој се одржал во Бахреин, Еклстон постигнал договор со шефовите на тимовите. Измените ќе се однесуваат на аеродинамиката и моторите.
„Правилата ќе се менуваат, договорот е постигнат. Болидите мора да бидат побрзи, а трките спектакуларни. Реално е да има измени во шасијата, иако не се исклучува можноста да има промени и во моторите“, рекол директорот на Мерцедес Тото Волф.
Моторите ќе останат V6, но со 1.000 коњски сили, додека аеродинаминката би требало да биде поедноставна, што би ги направило болидите потешки за возење.