Екипите на Вашингтон, Кливленд и Хјустон поведоа со 2-0 против своите опоненти во четвртфиналните серии во НБА плејофот. Кливленд предводен од Леброн Џејмс славеше над Бостон (99:91), Хјустон триумфираше над Далас (111:99), додека Вашингтон го направи и вториот брејк во Торонто со победата од 1117:106.
Кливленд иако резултатот тоа не го покажува забележа лесна победа над Бостон за водство од 2-0 во серијата која сега се сели во Масачусетс.
Леброн Џејмс постигна 30 поени, од кои 15 во последната четвртина, на кои придидаде девет скока и седум асистенции. Џејмс на вечната листа на најдобрите стрелци го мина легендарниот играч на ЛА Лејкерс, Џери Вест.
Двајт Хауард и Џош Смит беа најзаслужни што Хјустон ја доби и втората средба со ривалот од Тексас, Далас. Хауард имаше учинок од 28 поени и 12 скокови, а Смит запиша 15 поени, осум скока и девет асистенции. Кандидатот за МВП наградата, Џејмс Харден постигна 24 поени.
Бековската двојка Џон Вол-Бредли Бил се погрижи Вашингтон да направи уште еден брејк во Торонто. Бил беше најефикасен со 28 поени, додека Вол запиша ‘дабл дабл’ од 26 поени и 17 асистенции.