4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТренерот на Антиќ најдобар во НБА лигата

Тренерот на Антиќ најдобар во НБА лигата

Budenholzer-Schultz

Тренерот на Атланта Мајк Буденхолзер е избран е прогласен за најдобар во НБА лигата во сезоната 2014/2015. Буденхолзер го предводеше тимот до рекордот на франшизата од 60 победи и 22 порази.

Тренерот на Атланта доби 67 од можните 130 гласови и со 513 бодови ја доби наградата пред колегата од Голден Стејт Стив Кер, кој го предводеше најдобриот тим во лигата.

Интересно Баденхозер 19 години бил дел од Сан Антонио, две како видео координатор и 17 како помошник на легендарниот тренер Грег Попович.

Во Атланта успа да го воспостави системот на ‘подвижен напад’ со што тимот стана втор најдобар во лигата според бројот на асистенции.

Атланта во регуларниот дел од НБА сезоната го имаше шестиот најдобар напад и седмата најдобра одбрана во лигата.

Атланта на чело со Баденхолзер оваа сезона врза рекордни 19 победи во низа, а исто така се првата НБА екипа која имала скор 17-0 во еден месец и серија од 33-1 во нешто помалку од три месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП