28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООлимпијакос на чекор до Ф4 турнирот

Олимпијакос на чекор до Ф4 турнирот

olympiakos-barcelona-73-71-5551315

Кошаркарите на Анадолу Ефес и Олмпијакос се изборија за четврти средби во сериите со Реал односно Барселона.

Ефес во уште еден трилер меч, конечно славеше над Реал 75:72, со тројката на Мет Џенинг постигната во последната секунда од натпреварот.

Ефес во последните две минути имаше седум поени предност, ново последните шест секунди Керол израмни со тројка на 72:72, а последниот шут го реализираше Џенинг за победа на турскиот тим.

Џенинг со 21 поен го предводеше Ефес, додека на спротивната страна Родригез реализираше 17 поени.

Ефес намали на 2:1 во серијата со Реал, а четвртиот меч ќе се одигра во Истанбул во четврток.

Драматичен меч одиграа и Олимпијакос и Барселона, а победата за предност од 2:1 во серијата ја однесе тимот од Пиреа.

Победата на Олимпијакос му ја донсе Принтезис кој погоди две слободни фрлања на шест секунди до крајот на мечот.

Принтезис со 19 и Спанулис со 15 поени и 8 асистенции го предводеа Олимпијакос до победата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП