9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСветскиот шампион Јакобсен објави крај на кариерата

Светскиот шампион Јакобсен објави крај на кариерата

jakopsen

Светскиот шампион во ски скокови Норвежанецот Андрес Јакобсен соопшти дека ја завршува кариерата за да може целосно да му се посвети на своето семејство.

Јакобсен (31) оваа година на Светското првенство во Фалун, Шведска, освои златен медал во екипна конкуренција. Во кариерата тој има освоено бронзен медал на Олимписките игри во Ванкувер и забележал 10 победи во натпреварите во Светскиот куп.

Последната победа Јакобсен ја забележа на 1-ви јануари на „Новогодишната турнеја“ на скокалницата во Гармиш-Партенкирхен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП