27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMitsubishi се збогува од Lancer Evo (фото)

Mitsubishi се збогува од Lancer Evo (фото)

lancer evo

За многу љубители на спортски автомобили дојде тој тажен момент кога „Mitsubishi“ ќе заврши со производството на „Lancer Evolution“. Jапонскиот производител ќе се збогува од својот легендарен модел со специјална ограничена серија – „Final Edition“.

„Mitsubishi“ пред крајот на 2014-та го најави крајот на производството на „Lancer Evolution“. По тој повод, на саемот во Токио на почетокот на 2015-та беше претставен „Evo X Final Concept“ со 480 ks (353 kW).

lancer evo1

Се очекуваше дека и продукциската верзија на „Final Edition“ серијата ќе има исти преформанси, но веројатно е дека ќе има 2.0-литарски турбо-бензинец кој ќе има слични или дури исти спецификации како „регуларниот“ модел.

Моторот би требало да произведува околу 295 ks, додека максималниот вртежен момент ќе изнесува околу 405 Nm. Моќта се пренесува на сите 4 тркала со помош на петстепениот мануелен менувач.

lancer evo2

„Lancer Evolution X Final Edition“ ќе биде опремен со „Bilstein“ амортизери, „Brembo“ сопирачки, a aвтомобилот е поставен на специјални 18 инчни „BBS“ алуминиумски бандажи.

Црната внатрешност има детали во контрастна црвена боја, а шлаг на тортата претставуваат кожните „Recaro“ спортски седишта.

Идните сопственици ќе можат да се пофалат и со ексклузивноста на овој модел, затоа што ќе бидат изработени само 1000 примероци од серијата „Final Edition“.

lancer evo3

Автомобилот ќе биде достапен во пет нијанси, а освен црвената во понудата се сина, бела и светло и темно сива.

„Mitsubishi“ серијата на моделот „Evolution“ ја лансираше во 1992-ра. За нешто повеќе од две децении, колку што автомобилот е присутен на пазарот, променети се десет генерации.

Во Јапонија се продадени вкупно околу 92.000 примероци, а ширум светот околу 154.000 автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП