24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКинези и Јапонци за првпат на Виз Ер Скопски маратон 2015

Кинези и Јапонци за првпат на Виз Ер Скопски маратон 2015

Image (36)

Низ скопските улици на 10-мај, по дванаесетти пат ќе се одржи спортската манифестација WizzAir Скопски маратон.

Организаторот најави учество на повеќе од 7.500 маратонци, за сега од 42 држави, што претставува апосултен рекорд на оваа спортска манифестација кои ќе учествуваат на главната трка, на патеката долга 42 километри и 195 метри, на трката во полумаратон, како и на хуманитарната и детската трка.

„Се очекува ова да биде најмасовниот и најпосетен маратон до сега. Бројот на пријавени учесници е за почит, со оглед на тоа дека пријавувањето сè уште е во тек“, рече Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон.

До сега се пријавени учесници од Кенија, Етиопија, Унгарија и околните балкански земји, а за првпат има учесници од Кина и од Јапонија. Ланските победници на маратонот од Кенија, нема да учествуваат годинава, поради повреди.

Последниот рок за пријавување е 30 април или до пополнување на предвидената бројка на учесници, а се врши преку веб страната на маратонот.

Се очекува настап и на македонската маратонка Весна Караџиева, која може уште еднаш да го урне македонскиот рекорд, кој веќе падна пред две недели во Милано.

Рекордот на патеката во машка конкуренција изнесува 2:21:56 часа, а во женска конкуренција 2:48:49 часа.

Наградниот фонд на маратонот изнесува 17.000 евра, што е преставува зголемување за околу 1.000 евра во однос на минатата година. За победниците на машкиот и женскиот маратон наградата е 4.000 евра, но за тоа треба да остварат време под 2 часа и 13 минути за мажи и 2 часа и 35 минути за жени.

Годинава сите учесници на трката се осигурани во соработка со „Еуроинс“ осгуривање, што бил и еден од условите Виз Ер скопскиот маратон да добие пет ѕвезди во новата категоризација “Running for all“ од Европската атлетска организација, а се однесува на безбедноста и квалитетот во организацијата на уличните трки.

Како новитет, годинава се организира и Виз Ер Скопје Маратон Експо, саем на кој сите учесници ќе можат да ги подигнат своите стартни пакети, но и другите посетители ќе може да присуствуваат на бројни презентации и предавања.

Маратонот е под покровителство на Градот Скопје, Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт, како и генералниот спонзор Виз Ер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП