18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФФМ го одложи дербито Шкендија-Вардар

ФФМ го одложи дербито Шкендија-Вардар

ffm logo

Поради влошената безбедносна состојба во државата, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го одложи дерби натпреварот помеѓу Шкендија и Вардар. Мечот требаше да се одигра во среда, во рамките на 26-то коло, на стадионот во Куманово.

ФФМ одлуката за одложување на дербито ја донесе во вторникот на итна седница по сугестија на Министерството за внатрешни работи.

По 25 одиграни првенствени рунди Вардар е лидер во фудбалскиот шампионат со 58 бодови четири повеќе од Работнички, додека Шкендија се наоѓа на четвртото место со 41 бод.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП