15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООптимизам кај Реал и Атлетико во пресрет на реваншот во ЛШ

Оптимизам кај Реал и Атлетико во пресрет на реваншот во ЛШ

atl rm 000

Тренерот на фудбалерите на мадридски Реал, Карло Анчелоти, изјави дека е оптимист кога се во прашање шансите на неговиот тим воочи четвртфиналниот реванш во Лигата на шампионите против Атлетико.

Иако има многу проблеми со повредени играчи (Модриќ и Бејл ќе го пропуштат дуелот, Бензема е неизвесен за настап, а Марсело е суспендиран), Анчелоти верува дека Реал ќе успее да мине во полуфиналето.

„Во февурари формата и резултатите ни одеа по надолна линија, тоа беше резултат на повредите, но успеавме да се вратиме и повторно играме на посакуваното ниво. Се надеваме дека до крајот на Лигата на шампионите ќе биде во конкуренција за освојување на трофејот. Не сме загрижени поради реваншот со Атлетико, само мора да најдеме вистински решенија за отсутните играчи“, им изјавил на шпанските новинари Анчелоти.

Реал оваа сезона се обидува да стане првата екипа која успеала да ја одбрани титулата во Лигата на шампионите.

„Во среда не очекува голем предизвик, ние го очекуваме со голем оптимизам. Домашниот терен дополнително не мотивира“, дополнил италијанскиот стратег.

Реал во минатосезонско финале токму против Атлетико ја освои јубилејната десетта титула во ЛШ, но потоа ‘кралевите’ ниту еднаш не успеаа да слават против градскиот ривал, Атлетико забележа четири победи,а три натпревари завршиле без победник.

Францускиот напаѓач Антоан Гризман е играчот на кој ќе треба да се фокусира одбраната на Реал, тој на последните пет натпревари има постигнато шест гола и се наоѓа во најдобра форма од сите играчи на Атлетико.

„Задоволни сме како игравме против Реал на сите овосезонски седум средби, но знаеме дека во среда не очекува тежок меч. Имам голема самодоверба и се надевам дека ќе му помогнам на тимот да се пласира во полуфиналето“, рече Гризман.

Оптимист пред градското дерби во ЛШ е и Јан Облак, голманот на Атлетико, кој со своите одбрани на првиот спречи победа на Реал. Облак само во првото полувреме на тој прв натпревар имаше шест успешни одбрани.

„Знаеме дека предизвикот е тежок, но убедени сме дека можеме уште еднаш да ги победиме. Очекувам ‘тесен’ натпревар“, рекол Облак кој на последните седум натпревари има примено само три гола.

Натпреварот Реал-Атлетико ќе се одигра на „Сантијаго Бернабеу“ во среда со почеток во 20:45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП