29 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIBM објави подобри резултати од очекуваното

IBM објави подобри резултати од очекуваното

ibm 242

Американски концерн „International Business Machines“ (IBM) го забележа дванаесетиот последователен пад на профитот и во првите три месеци од годинава.

Сепак давателот на „ИТ“ услуги успеа значително да ги надмине очекувањата на пазарот во првиот квартал од 2015-та година. Во слободната трговија на берзата, акциите поскапеа за околу 5%, пренесува „Ројтерс“.

Особено видлив е падот на хардвер бизнисот на компанијата, кој достигнува над 22 отсто.

„IBM“ веќе се обложува подобрувања на бизнисот со софтвер за безбедност и облак услуги, кои ветуваат повисока добивка. Оваа стратегија се чини дека веќе ги носи првите плодови.

Од „IBM“ предвидоа добивка по акција од 2,91 долари за готово. Тоа е за 9% повеќе од истиот период од минатата година. Предвидувањата на аналитичарите беа за профит од 2,80 долари по акција.

Со пријавување на некои ефекти, профитот сепак се намалува со 5 отсто до 2,33 милијарди долари од 2,38 милијарди долари. Резултатот е промовиран од поделбата на облак услуги, каде што има раст на приходите од 60%.

Приходите од продажба на технолошкиот гигант се паднати од 22,5 милијарди долари во минатата година до 19,6 милијарди долари во разгледуваниот период. Така продажбата останаа во согласност со очекувањата на аналитичарите.

Во најголемата дивизија – за технолошки услуги, има пад на приходите од речиси 11% до 7,89 милијарди долари. Добивката пред оданочување во таа единица падна за над 18% до 994 милиони долари. Слична е и состојбата во секторот на услуги, каде што има пад на приходите од 13% до 4,32 милијарди долари и со над една петтина помал профит пред оданочување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП