5 јули, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМасовно бегство од Ливерпул

Масовно бегство од Ливерпул

liverpulci

Екипата на Ливерпул ќе ја напуштат десетина фудбалери во ова лето. Причината е дека дел од играчите се разочарани од оваа сезона без трофеј на „Енфилд“, како и од реалната опасност тимот да не се пласира во Топ 4 и да обезбеди учество во Лигата на Шампионите.

Токму таков е случајот и со Коло Туре и Глен Џонсон, чиј договори истекуваат на крајот на сезоната. Двајцата не сакаат да потпишат нови и ќе си заминат како слободни агенти.

Како слободен трансфер клубот ќе го напушти и капитенот Стивен Џерард, кој веќе објави дека преминува во американскиот ЛА Галакси.

Младата ѕвезда Рахим Стерлинг порано во сезоната одби да го продолжи договорот со „црвените“ и речиси е сигурно дека при добра понуда Ливерпул ќе го продаде, за да не го испушти без пари. Главни кандидати за англискиот репрезентативец се Манчестер Сити и Јувентус.

Слична е ситуацијата и со Мартин Шкртел, а за него сериозен интерес има од страна на Волфсбург.

Шпанецот Хави Манкиљо најверојатно ќе ја продолжи кариерата во својата татковина, откако не успеа да се наметне во составот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар