17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВака најдобро ќе исчистите touchscreen екран

Вака најдобро ќе исчистите touchscreen екран

toch3

Ерата на компјутери, кај кои е вообичаено управување со глувче и тастатура, полека се менува или барем се надополнува со користењето на екрани кои се чувствителни на допир.

Паралелно со тоа, дамките на овие екрани се се почести, но решението за тој проблем е едноставен – обична микрофибер крпа.

Додека вообичаените екрани страдаат од собирањето на прашина на своите големи рамни површини, кај оние кои се чувствителни на допир, работите се многу полоши. Отпечатоците од прстите на корисникот лесно се пренесуваат на стаклените и пластичните површини, а истите се „мамка“ за дополнителна нечистотија.

Чистењето сепак не бара посебна опрема или хемикалија, доволна е микрофибер крпа која сте ја добиле со некој друг уред или очила. Тоа што е важно кај чистењето е дека екранот нетреба премногу да се притиска и тој при чистењето треба да биде исклучен, па така дамките можат подобро да се забележат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП