6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТрадицијата и Порто против Баерн

Традицијата и Порто против Баерн

bm porto

Фудбалерите на Баерн, вечерва ќе го одиграат четвртфиналниот реванш против Порто во Лигата на шампионите. Баерн има негатива од 1:3 по првиот меч одигран во Португалија, а во реваншот покрај со противникот Баварците ќе се борат и против традицијата.

Низ историјата Баерн четири пати на домашен терен ‘бркал’ негатива од два гола и секогаш бележел неуспех. Последен клуб кој во Минхен успеа да одбрани предност од два гола е Челзи во 2005-та година во четвртфиналето во ЛШ.

Во Лондон првиот четвртфинален меч заврши со предност од 4:2 за Челзи, а во реваншот Баерн победил со 3:2.

Претходно Баерн испаднал од Милан во полуфиналето на Купот на куп победниците во 1968-ма (2:0, 0:0), од Наполи во 1989-та година во полуфиналето на Купот на УЕФА (2:0, 2:2) и од Реал во 2000-та година во полуфиналето во Лигата на шампионите (2:0, 1:2).

Од друга страна статистиката на Порто вели дека клубот 41-пат го добил првиот натпревар и во 34 случаеви успеал да се пласира во наредната рунда. Не е занемарлив ниту податокот дека Порто е единствената екипа која во досегашниот тек од Лигата на шампионите нема забележано пораз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП