22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГС и Чикаго лесно до 2-0

ГС и Чикаго лесно до 2-0

gs 11

Кошаркарите на Голден Стејт и на Чикаго лесно стигнаа до вторите победи над опонетите во сериите од првата рунда во НБА плејофот. Голден Стејт славеше над Њу Орлеанс со 97:87, додека Чикаго го совлада Милвоки со 91:82. Во наредните две средби екипите кои водат со 2:0 ќе играат на гостински терен.

Голден Стејт не пружи блескава игра во вториот меч против Њу Орлеанс, во раната фаза на мечот имаа негатива од 13 поени, но домаќините до крајот на првото полувреме фатија резултаски приклучок. Вориорси до победата стигнаа до добрата игра во одбраната во последната четвртина која ја добија со 26:16.

Клеј Томпсон постигна 26, Стеф Кари 22 поени, а Дрејмонд Грин имаше учинок од 14 поени и 12 скокови кај победникот, додека Ентони Дејвис (26 поени, 10 скока), Ерик Городн (23 поени) и Тајрик Еванс (16 поени, 10 скока, 7 асистенции) го предводеа Њу Орлеанс.

Чикаго славеше над Милвоки благодарение на Џими Батлер кој 14 од своите 31 поени постигна во последната четвртина. Батлер го подобри рекордот на кариерата во плејофот откако на првиот меч на Милвоки му уфрли 25 поени.

Покрај Батлер кај Чикаго се истакнаа уште и Дерик Роуз (15 поени, 7 скока, 9 асистенции) и Пау Гасол (11 поени, 16 скокови, 4 блокади).

Милвоки го предводеше Крис Мидлтон со 20 поени и 6 скока.

Мечот имаше тензична завршница, во која беше исклучен центарот на Милвоки Заза Пачулија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП