4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФенербахче го елиминира шампионот за пласман на Ф4

Фенербахче го елиминира шампионот за пласман на Ф4

maxresdefault (2)

Кошаркарите на Фенербахче први изборија пласман на завршниот турнир во Евролигата. На патот до финалниот турнир Фенербахче со чисти 3-0 во победи го елиминираше актуелниот европски првак Макаби.

Откако лесно ги доби првите две средби пред своја публика, во третиот меч Фенербахче славеше во Тел Авив по продолжението со 75:74, во регуларниот дел мечот заврши 65:65.

Победничките поени ги постигна Гаудлок на шест секунди до крајот на продолжението.

Гаудлок мечот го заврши со 15 поени, додека најефикасен кај Фенербахче беше Зисис со 19 поени.

Фенербахче ќе биде дебитант на завршниот турнир кој од 15. до 17.мај ќе се одржи во Мадрид, а нивниот тренер Жељко Обрадовиќ ќе се обиде да стигне до деветтата титула европски првак.

Во вториот меч кој се одигра во понеделникот, Панатинаикос во шокатнта завршница славеше над ЦСКА Москва со 86:85 и го намали резултатот во серијата на 1:2. ПАО до победата стига благодарение на неверојатниот шут за три поени, зелените имаа реализација од 52 отсто.

Папас со 25 поени го предводеше ПАО, додека Вимс кај ЦСКА постигна поен помалку. Четвртиот меч од серијата ќе се одигра повоторно во Атина, а на програмата е в среда.

Во вторник своите трети натпревари од серијата ќе ги одиграа Олимпијакос и Барселона (1:1), односно Анадолу Ефес и Реал (0:2).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП