5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМејведер: Подобар сум од Мохамед Али

Мејведер: Подобар сум од Мохамед Али

flojd-mejveder-foto-beta-ap-1370375374-320765

Американскиот боксер Флојд Мејведер тврди дека е подобар боксер од легендарниот Мохамед Али.

Мејведер кој е светски првак по пет различни боксерски категории се подготвува за ‘борбата на столетието’ со Филипинецот Мани Пакјао, кој бил шампион во осум различни категории.

„Никој не може да ме убеди дека Шугар Реј и Мохамед Али се подобри од мене. Никој. Едно нешто можам да направам, да им кажам ‘капата долу’ и да изразам потчит, бидејќи го трасираа патот по кој јас стигнав до тука“, рекол Мејведер.

На дополнително новинарско прашање дали навистина верува дека е подобар од Али, Мејведер потсети на Леон Спинкс, кој како анонимус во 1978 година го победи тогаш најдобриот на светот, Али. Спинкс е единствениот боксер кој успеа да му ја одземе титулата на Али.

„Како? Се борел само на еден начин. Леон Спинкс го победи иако пред тоа имал само седум борби. Никогаш пред Флојд Мејведер не ставија боксер кој имал само седум борби“, рекол Американецот.

Мејведер на 2.мај ќе се бори со Пакјао во Лас Вегас, оваа борба треба да го реши прашањето кој е најдобриот боксер на денешницата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП