4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВилијамс најдобар шести играч во НБА лигата

Вилијамс најдобар шести играч во НБА лигата

williams-756-112814

Кошаркарот на Торонто Репторс, Луис Вилијамс е избран за најдобар шести играч во НБА лигата во сезоната 2014/2015.

Вилијамс до признанието најдобра резерва во НБА лигата дојде по гласањето на 130 спортски новинари и коментатори во САД и Канада.

Тој со 502 гласа победи во конкуренција на Ајзеа Томас од Бостон и Џамал Крафорд од ЛА Клиперс.

Дваесет иосум годишниот плејмејкер оваа сезона имаше просечни 15,1 поени, 2,1 асистенции и 1,9 скокови по натпревар.

Вилијамс во Торонто пристигна минатата сезона, а претходно играл за Атланта и Филаделфија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП