26 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТајланѓанец објави дека купува дел од Милан

Тајланѓанец објави дека купува дел од Милан

Bee-Taechaubol

Тајландскиот бизнисмен Би Течаубои потврдил дека е блиску до договор со сопственикот на Милан, Силвио Берлускони. Се очекува првично тој да купи 20% од акциите на клубот.

Неговите намери се следната година да стане мнозински сопственик со 65%.

„Во текот на неделата ќе бидам во Милано, за да завршиме договорот“, рече бизнисменот, познат како „Мистер Би“,

Пред дербито со Интер, Течаубои изрази „целосна поддршка“ за „росонерите“.

„Ќе го гледам натпреварот во Бангкок и ќе сум најверниот навивач. Само Милан“, изјави тој, цитиран од весникот „Кориере дела сера“.

Во последниве месеци често се зборува за промена на сопственоста во Милан, но Берлускони неколку пати одрекуваше.

Клубот поминува низ тежок период, а тимот е деветти и има мала можност за пласман за Лига Европа во следната сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП