1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФерари: Кими заслужи нов договор

Ферари: Кими заслужи нов договор

kimi 3

Екипата на Ферари објави дека сака да го задржи Кими Раиконен, но дека се уште нема да му понуди нов договор бидејќи Финецот подобро возел кога чувствувал притисок. Раиконен, во неделата на трката за Големата награда на Бахреин го освои второто место, што е негов најдобар резултат од враќањето во Ферари на почетокот на минатата сезона.

Финецот на трката во Бахреин одлично ја спроведе својата стратегија, во претпоследниот круг ја искористи грешката на Нико Розберг и во целта влезе веднаш зад победникот Луис Хамилтон.

„Пресреќен сум поради Кими. Официјално можам да потврдам дека тој се врати. Покажа дека е вистинско животно на патеката. Тој дефинитивно вози најдобро кога е под притисок“, рекол шефот на Ферари, Маурицио Аривабене.

Ферари до крајот на сезоната ќе размислува дали да ја искористи опцијата во договорот со Раиконен и на Финецот да му понуди нова соработка.

„Задоволни сме со возачите кои ги имаме. Сепак ова не значи дека ние утре ќе седнеме и ќе потпишеме нов договор со Раиконен. Му кажав на Кими дека се зависи од неговите резултати. Тој покажа дека е голем возач, а доколку ме прашате дали заслужи нов договор би одговорил потврдно“, дополнил Аривабене.

Првенството во Формула 1 ќе продолжи на 10-ти мај кога на патеката Каталуња ќе се вози петтата трка во шампионатот, Големата награда на Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП