6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Тежок испит за Баерн, Барса пред полуфинална промоција

ЛШ: Тежок испит за Баерн, Барса пред полуфинална промоција

ls nova

Првите две екипи кои ќе бидат учесници во полуфиналето на Лигата на шампионите ќе бидат познати во вторник, кога своите четвртфинални реванши ќе ги одиграат Барселона и ПСЖ, односно Баерн и Порто.

Барселона само чудо може да ја оддалечи од пласманот меѓу четирите најдобри екипи во Европа, бидејќи по првиот меч одигран во Париз стекна предност од 3:1.

„Голем дел од работата завршивме на првиот натпревар, но голема грешка би била доколку помислиме дека се е готово. Ги уверувам навивачите дека нема да го потцениме ПСЖ“, рекол тренерот на Барселона Луис Енрике.

Францускиот шампион на овој меч ќе биде посилен за Златан Ибрахимовиќ и Марко Верати, но и со нив двајца во тимот шансите да направи сензација му се минорни.

Многу поголема борба и незвесност се очекува на натпреварот во Минхен, каде Баерн ќе се обиде да ја надополни негативата од 1:3 која ја има по првиот меч.

Поразот на Баерн во првиот меч е резултат на катастрофалната игра во дефанзивата, сите грешки на потесната одбрана Португалците немилосредно ги казнија. На тој натпревар Баерн играше без неколкумина од стартната постава, а извесно е дека реваншот ќе го пропушти Рибери.

За поразот во Порто, тренерот Гвардиола, го обвини лекарскиот тим (иако подоцна се обиде да го негира тоа) по што целата лекарска екипа поднесе оставка.

„Верувам во мојот тим, сакам на светот да му покажеме колку и што можеме. Имаме минус но имаме уште 90 минути пред нашите навивачи“, изјавил Гвардиола за клупската интернет страница.

Играчите на Порто и покрај предноста улогата на фаворит му ја препуштаат на Баерн, а тренерот Лопетеги тимот ќе го составува без одличните бекови Данило и Алекс Сандро кои се супендирани.

Четвртфиналните реванши во Минхен и Барселона ќе започнат во 20:45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП