18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАзербејџан во календарот, Монца неизвесна!

Азербејџан во календарот, Монца неизвесна!

az f1

И покрај загриженоста за човековите права, трка во Азербејџан следна година ќе има на календарот, децидно изјавува шефот на Формула 1, Берни Еклстоун.

Трката ќе се вози како Големата награда на Европа во Баку и ќе се „вртат кругови“ низ главниот град на Азербејџан. Спорно со оваа трка е се поголемото кршење на човековите права во државата со над 30 случаи на затворање на политичари или новинари.

Но, Еклстоун го негира сето тоа и е убеден дека тоа ќе биде уште една одлична Формула 1 трка.

Што се однесува до една историска Формула 1 трка, Големата награда на Италија во Монца недалеку од Милано, проблем се појавува околу потпишувањето на новиот договор. Монца има договор до 2016-та година што значи дека следната година може да е последна. Проблемите се појавуваат како и секогаш – кај парите. Организаторите и промоторите не сакаат да ја платат цифрата која ја бара Берни, исто како и причината поради која пропадна Германското ГП.

„Немаме трка во Франција, а оваа година немаме ниту во Германија. Но, имаме многу добри замени нели?“, гласеше утешувачката изјава на Еклстоун.

Инаку само Монако, кој не плаќа ништо за да учествува во Формула 1 календарот, има подобри услови од Монца. Промотерите на италијанската трка плаќаат сума помала од 10 милиони долари за организација на трка.

Извор: круг.мк

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП