9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнчелоти е виновен за повредата на Модриќ

Анчелоти е виновен за повредата на Модриќ

modric ancelotti (1)

Лекарот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Борис Немец, го обвини тренерот на Реал, Карло Анчелоти, за повредата на Лука Модриќ, поради која играчот ја заврши клупската сезона.

Модриќ на натпреварот со Малага го повреди коленото, а по деталните прегледи лекарскиот тим на Реал соопшти дека тој ќе паузира шест недели.

„Анчелоти воопшто не го штедеше Модриќ откако тој се врати во тимот по повредата. Редовно играше по 90 минути, премногу го оптовари наместо рамномерно да му ја распореди минутажата. Оваа повреда е резултат на тоа. Тој паузираше три месеца, а тренерот воопшто не се грижеше за него по враќањето, играше на сите натпревари, максимално го оптовари. Модиќ не се повреди поради некаков удар, туку поради тоа што тој не беше 100 отсто подготвен“, рекол докторот Немец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП