23 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтланта со победа тргна во плејофот, Антиќ со осум поени (видео)

Атланта со победа тргна во плејофот, Антиќ со осум поени (видео)

96357835774ef210eb1daaf725d2c723_crop_north

Атланата стигна до предност од 1-0 во плеј оф серијата со Бруклин, а предноста на домашниот терен во првите мечеви ја искористија Кливленд, ЛА Клиперс и Мемфис.

Најдобриот тим на Истокот во регуларниот дел од сезоната, Атланта славеше над Бруклин со 99:92. Пресудни за победата на Атланта беа тројките на Кајл Корвер (5/11 за три). Играчот со најдобар процент на реализација на ударите за три поени во НБА лигата натпреварот го заврши со 21 поен.

Покрај Корвер двоцифрен број на поени кај победникот постигнаа Џеф Тиг и Демар Керол (по 17), Денис Шредер (13), додека Ал Хорфорд имаше учинок од 10 поени и исто толку скокови.

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ одигра 19 минути и имаше учинок од осум поени, три скока и една асистенција.

Тандемот Блејк Грифин-Крис Пол го уништи шампионот Сан Антонио. Овие двајца постигнаа вкупно 58 поени во победата на ЛА Клиперс над Сан Антонио од 107:92.

Пол постигна 32 поени имаше и шест асистенции, додека Грифин на 26-те поени придодаде шест скока.

Кливленд ја загуби првата четвртина против Бостон, но на крајот триумфираше со 113:100. Кајри Ирвинг постигна 30 поени, Леброн Џејмс 20, а Кевин Лав имаше ‘дабл дабл’ учинок од 19 поени и 12 скокови.

Мемфис славеше против Портланд со 100:86, а најефикасен играч кај Гризлите беше Словенецот Бено Удрих со 20 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП