18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА: Црвена ѕвезда избори финале

АБА: Црвена ѕвезда избори финале

Partizan-Zvezda-1

Црвена ѕвезда избори пласман во финалето на АБА лигата, откако со 3-1 ја доби полуфиналната серија против Партизан, додека нејзиниот противник во финалниот меч ќе биде познат по ‘мајсторката’ која ќе ја одиграат Будуќност и Цедевита.

Црвена ѕвезда, во четвртиот меч на кој домаќин беше Партизан, успеа да слави со 81:73 и да се пласира во финалето. Покрај пласманот во финалето на регионалната лига, Црвена ѕвезда обезбеди учество во Евролигата, во наредната сезона.

Американците Чарлс Џенкинс и Маркус Вилијамс ја предводеа екипата до третата победа во серијата, двајцата постигнаа по 19 поени. Џенкинс блескаше во првото, а Вилијамс во второто полувреме.

Во редовите на Партизан единствен расположен за игра беше Едо Муриќ кој реализираше 15 поени.

Цедевита во четвртиот меч славеше над Будуќност со 88:85 и се избори за ‘мајсторка’, која ќе се одигра в среда во Подгорица.

Цедевита водеше во најголемиот дел од натпреварот, во еден момент и со 15 поени, но во финишот со многу мака успеа да ја сочува предноста.

Немања Госриќ и Роко Лени Укиќ со 16 поени беа најефикасни кај Цедевита, додека по 13 поени за Будуќност реализираа Џеј-Ар Рејнолдс и Дарко Планиниќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП