Ѓоковиќ ја освои својата 23-та Мастерс титулата во кариерата со што на вечната листа се израмни на второто место со Роџер Федерер, прв со 27 титули е Рафаел Надал.
Српскиот тенисер со победата во Монте Карло влезе во историјата на тенисот како прв играч кој победил на првите три Мастерс турнири во сезоната (Индијан Велс, Мајами, Монте Карло).
Финалето во Монте Карло не донесе некој спектакуларен меч, односно тоа мина во грешките на двајцата тенисери. Ѓоковиќ играше далеку под своето ниво, додека Бердих не знаеше да ги искористи шансите кои му ги дозоволи противникот.