14 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАстон Вила ќе игра во финалето на ФА купот

Астон Вила ќе игра во финалето на ФА купот

hi-res-c7bf2007dba5fbcc6331c5cadbfee0e1_crop_north

Фудбалерите на Астон Вила ќе играат во финалето на ФА купот, откако во полуфиналниот меч славеа над Ливерпул со 2:1.

Астон Вила на „Вембли“ со пресврт успеа да го совлада Ливерпул и да ја заокружи катастрофалната сезона на славниот клуб.

Ливерпул стигна до предност по полуфина час игра кога голот на Вила го погоди Филип Кутињо, но само шест минути подоцна резултатот го израмни Кристијан Бентеке. Победата на Вила и ја донесе Фабијан Делф во 50.минута.

Во 88.минута Ливерпул беше оштетен бидејќи на Марио Балотели му е поништен регуларен гол.

Астон Вила во финалето за противник ќе го има Арсенал, кој во саботата по продолженијата го совлада Рединг со 2:1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП